• петок, 05 декември 2025

Форца ја мина првата квалификациска пречка во Лигата на шампиони во футсал

Форца ја мина првата квалификациска пречка во Лигата на шампиони во футсал

 

Куманово, 31 август 2025 (МИА) – Македонскиот првак Форца обезбеди пласман во главната квалификациска рунда во Лигата на шампиони во футсал, откако синоќа во решавачкиот натпревар во Куманово го совлада ерменски Ереван со 5-0 и го освои првото место во групата А од прелиминарната рунда.

До триумфот над директниот конкурент за првото место во групата, Форца дојде со головите на Таулант Исмаили (4), Јакуп Рамадани (17), Карен Мурадјан (28, автогол), Зоран Левески (39) и Берат Рамадани (40).

Пласманот во главната квалификациска рунда Форца го обезбеди на супериорен начин со три победи и гол-разлика 11-0, откако претходно триумфираше над Мурата од Сан Марино со 1-0 и против Енкамп од Андора со 5-0.

Македонскиот шампион во футсал во главната квалификациска рунда ќе игра во групата 7 во која за ривали ќе ги има украинските екипи ХИТ Киев и Киев Футсал, како и првакот на Словенија, Врхника. ег

ФОТО: МИА

Остани поврзан