• петок, 22 ноември 2024

Форца избори учество во елиминациската фаза во Лигата на шампиони

Форца избори учество во елиминациската фаза во Лигата на шампиони

Скопје, 25 август 2024 (МИА) - Македонскиот футсал шампион Форца ќе игра во елиминациската фаза од Лигата на шампионите.

Форца успеа да забележи три победи во прелимининарните квалификации одржани во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Синоќа македонскиот претставник со 8:2 го совлада црногорскиот шампион Титоград. За македонскиот тим, три гола постигна Исмаили, Дандан два пати се запиша во листата на стрелците, по еднаш погодија Петровиќ и Бери, а автогол постигна Делиќ. зс/

Фото: ФК Форца

Остани поврзан