• понеделник, 23 декември 2024

Формула 1 би можела да се вози и до јануари за спас за сезоната

Формула 1 би можела да се вози и до јануари за спас за сезоната
Маранело, 29 март 2020 (МИА) - Можност за трки и во јануари за спас на сезоната во Формула 1, најави Матиа Биното, шеф на тимот на Ферари. - Тимовите се постојано во контакт. Правиме проценка на разни идеи, како што се временски блиски трки една до друга. Една од нив се однесува на две трки во јануари и откажување на петочните тренинзи, изјави Биното на италијански „Скај“. Според редовниот натпреварувачки календар, крајот на сезоната во Формула 1 шампионатот требаше да биде на 29 ноември во ГН на Абу Даби, но тоа е невозможно по досегашното откажување на осум трки поради светската пандемија на коронавирус. - Му оставивме целосна слобода на претседателот на Формула 1, Чејс Кери и на Светската автомобилистичка федерација заеднички и што поскоро да направат нов распоред. Ние имаме волја, додаде Биното. Кери претходно најави дека очекува Ф1 сезоната да почне во текот на летниот период и во неа да има од 15 до 18 трки. Правилата во натпреварувањето велат дека мора да извозат најмалку осум трки за сезоната да се прогласи за важечка. сѓд/

Остани поврзан