• недела, 24 ноември 2024

Формиран првиот совет за социјална заштита во североисточниот плански регион

Формиран првиот совет за социјална заштита во североисточниот плански регион
Куманово, 8 јули 2021 (МИА) - Формиран е совет за социјална заштита во североисточниот регион, соопштија денеска надлежните од Центарот за развој на североисточниот плански регион. Одржана е конститутивната седница, избран е претседател, донесен е деловникот за работа и определени се клучните проекти на кои ќе работи првиот совет за социјална заштита во државата. - Успеавме со помош на Швајцарската развојна агенција и Министерството за локална самоуправа, односно проектот за одржлив рамномерен развој да бидеме прв пилот регион, според Законот за социјална заштита, ќе формира совет за социјална заштита на регионот, во кој членуваат шесте градоначалници од општините и три директори од центрите за социјална заштита. Овој совет ќе направи програма, донесовме одлука за усвојување на правилник за работа избран е претседател на советот, тоа е градоначалникот на Липково, Еркан Арифи и се договоривме да направиме приоритетна листа негде за четири важни точки, изјави раководителот на Центарот за развој на североисточниот плански регион, Младен Протиќ. Советот за социјална заштита како клучни приоритети ги ставил потребите на некои од општините од североистокот за изградба на старски домови, за други општини изградба на градинки, поддршка и помош за социјално ранливите категории граѓани, лицата со попреченост, жртви на семејно насилство. Целта е, појаснуваат надлежните, да се доближат самите општини со центрите за социјална работа, а преку регионот да ги искористат капацитетите и да аплицираат за проекти.ам/бт/

Остани поврзан