• понеделник, 23 декември 2024

Формиран Локален младински совет во Општина Јегуновце, за претседател избран Мартин Стојановски

Формиран Локален младински совет во Општина Јегуновце, за претседател избран Мартин Стојановски

Тетово, 20 мај 2024 (МИА) -  Во рамки на Општина Јегуновце согласно одредбите од Закон за младинско учество и младински политики се формираше Локален младински совет во Општина Јегуновце. За претседател е избран  Мартин Стојановски, студент на Медицински факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“во Штип.

-Целта на овој совет е унапредување на положбата на младите, развојот на младинскиот сектор, нивното учество во креирање на соодветни младински политики и проекти и донесување на одлуки кои овозможуваат социјален и личен интерес на младите. Локалниот младински совет има советодавна и застапувачка улога за прашањата од младински интерес кон локалната самоуправа. Согласно предвидените активности од  проектот „Потпри се на младите“ финансиран од Европската Унија, здружението ЕЛИТ од Скопје беше задолжено околу техничката помош при реализација на локалниот младински совет, информираат од Локалниот младински совет.

Советот е составен од пет члена.  ас/дма/


Фото: Локален младински совет во Општина Јегуновце

Остани поврзан