• понеделник, 19 август 2024

Формирани полуфиналните двојки на Мастерсот во Синсинати

Формирани полуфиналните двојки на Мастерсот во  Синсинати

Синсинати, 18 август 2024 (МИА) - Данецот Холгер Руне ноќеска го победи Британецот Џек Дрејпер во четвртфиналето на турнирот од серијата АТП 1000 во Синсинати, САД со 2:0, по сетови 6:4 и 6:2.

Во полуфиналето на Мастерсот Руне ќе се сретне со Американецот Френсис Тиафо.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Јаник Синер од Италија и Александер Зверев од Германија.

Кај тенисерките денешните двојките за полуфиналето се:
Швјонтек (Полска) – Сабаленка (Русија) (почеток 17 часот)
Пегула (САД) – Бадоса (Шпанија) (19 часот). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан