Формирани двојките за плејоф и плејин во НБА-лигата
- Регуларниот дел од сезоната во НБА-лигата заврши и познати се двојките за плејофот и плејин турнирот.
Вашингтон, 17 мај 2021 (МИА) – Регуларниот дел од сезоната во НБА-лигата заврши и познати се двојките за плејофот и плејин турнирот.
Најпрво ќе се играат мечевите од плејин од утре до 21 мај, а потоа стартува разигрувањето за трофејот. Победниците од дуелите Лејкерс – Голден Стејт и Бостон Вашингтон ќе бидат седми носители на Западот, односно Истокот, а поразените ќе имаат уште една шанса да изборат плејоф соочувајќи се со подобрите од пресметките Мемфис – Сан Антонио, односно, Индијана – Шарлот.
Плејофот започнува на 22 мај.
Западна конференција:
Јута (1. носител) – победник од Мемфис/Сан Антонио - Лејкерс/Голден Стејт (8. носител)
Клиперс (4) - Далас (5)
Денвер (3) - Портланд (6)
Феникс (2) – победник од Лејкерс/Голден Стејт (7).
Источна конференција:
Филаделфија (1) – победник од Индијана/Шарлот - Бостон/Вашингтон (8)
Њујорк (4) - Атланта (5)
Милвоки (3) - Мајами (6)
Бруклин (2) – победник од Бостон/Вашингтон (7). зс/