• сабота, 16 ноември 2024

Форд Мотор разгледува дали да го запре производството во осум свои фабрики во Северна Америка во јуни

Форд Мотор разгледува дали да го запре производството во осум свои фабрики во Северна Америка во јуни
Детроит, 20 мај 2021 (МИА) - Форд Мотор разгледува опции дали да го запре производството на возила во осум свои фабрики во Северна Америка во различни периоди во јуни поради постојан недостиг на полупроводнички материјали. Тоа се очекува да го преполови производството на компанијата во вториот квартал од 2021 година. Во втората половина на годината, компанијата очекува да изгуби 10 отсто од своето производство. Во текот на 2021 година, недостатокот на чипови ќе го спречи Форд да произведува речиси милион автомобили. Затворањето се очекува да го чини производителот на автомобили околу 2,5 милијарди долари. зш/

Остани поврзан