• петок, 22 ноември 2024

Фон Крамон: Србија да ги ослободи Косовците од граничните премини

Фон Крамон: Србија да ги ослободи Косовците од граничните премини

Приштина, 17 април 2024 (МИА) – Известувачката за Косово во Европскиот парламент, европратеничката Виола фон Крамон, ја повика Србија веднаш да ги ослободи граѓаните на Косово од граничните премини на Србија, објавија медиумите во Приштина.

Фон Крамон преку платформата „Х“ му порача на Белград „да престане да се срами себеси“ и да обезбеди слободно движење на луѓето.

- Србија да престане да се срами себеси и веднаш да ги ослободи носителите на косовски пасоши и лични карти да ја преминат српско-хрватската граница во Батровц. Слободата на движење мора да биде обезбедена за сите, без дискриминација по национална основа, напиша Фон Крамон.

Стотици Косовци се задржани во неутралните зони на граничните премини на Србија со други земји. Одземени им се документите за идентификација и се оставени во неутрални зони од пред повеќе од 15 часа.иа/

Остани поврзан