• понеделник, 23 декември 2024

Фон Крамон: После Бањска можни се мерки кон српските власти

Фон Крамон: После Бањска можни се мерки кон српските власти

Брисел, 19 октомври 2023 (МИА) - Известувачката за Косово во Европскиот парламент (ЕП), Виола фон Крамон денеска изјави дека трпението на членките на Европската Унија кон Србија „постепено исчезнува“ и дека можни се рестриктивни мерки насочени кон раководството, а не кон граѓаните доколку не соработува во истрагата за настаните во Бањска, пренесе Бета.

Европскиот парламент денеска треба да гласа за „Резолуција за последните случувања во дијалогот Србија-Косово, вклучително и за состојбата во општините на северот на Косово“, на предлог на социјалдемократите од ЕП.

Според  нацрти на таа резолуција, во неа се споменуваат рестриктивни мерки кон Србија, како и барање за екстрадиција на Милан Радоичиќ на Косово, што Фон Крамон го потврди за телевизијата Н1.

Таа повтори дека ЕУ не сака да ги казнува граѓаните на Србија, дека треба да се прави разлика и дека мерките се изричито против раководството. ссм/

фото: архива

Остани поврзан