• понеделник, 23 декември 2024

Фон дер Лајен ја охрабрува Украина на дополнителни реформи за членство во ЕУ и НАТО

Фон дер Лајен ја охрабрува Украина на дополнителни реформи за членство во ЕУ и НАТО

Брисел, 12 јули 2023 (МИА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ја охрабри Украина да спроведе дополнителни реформи на патот на земјата кон членство во НАТО и во Европската унија.

Фон дер Лајен понуди „многу интензивно да работи со Украина на неопходните реформи, кои се многу потребни, на реформите, на пример, во борбата против корупцијата или зајакнувањето на институциите“.

„Реформите во тие области се предуслов за влез и во ЕУ и во НАТО“, рече таа, пофалувајќи ги напорите на Киев во последните месеци.

„Импресивно е да се види темпото со кое Украина се реформира додека води одбранбена битка против Русија“, додаде Фон дер Лајен.

ЕУ, исто така, помага да се зголеми производството на муниција за да и помогне на Украина и да ги надополни резервите во блокот. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан