• понеделник, 23 декември 2024

Фон дер Лајен: Шокирана и згрозена сум од руските ракетни напади врз многу украински градови

Фон дер Лајен: Шокирана и згрозена сум од руските ракетни напади врз многу украински градови
Нарва, 10 октомври 2022 (МИА) - Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека е „шокирана и згрозена“ од руските ракетни напади врз многу украински градови, јави ДПА. „Русија уште еднаш му покажа на светот што претставува: терор и бруталност“, рече Фон дер Лејен во естонскиот град Нарва, во близина на границата со Русија. „Сторителите мора да одговараат. Ние жалиме за жртвите и упатувам најдлабоко сочувство до нашите украински пријатели. Знам дека Украинците нема да бидат заплашени и ќе стојат на својот став се додека е потребно“, додаде таа. паг/  

Остани поврзан