• сабота, 21 декември 2024

Фон дер Лајен: Црна Гора многу напредна на својот европски пат

Фон дер Лајен: Црна Гора многу напредна на својот европски пат

Подгорица, 26 октомври 2024 (МИА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Подгорица изјави дека Црна Гора многу напреднала на својот европски пат и затвора поглавје по поглавје во преговорите.

Таа се сретна со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ и со претседателот Јаков Милатовиќ.

„Црна Гора многу напреднала на својот европски пат. (...) Сега затвораме поглавје по поглавје (од преговорите). Можете да го поминете целиот пат“, напиша Фон дер Лејен на својот профил на Икс.

Таа додаде дека се очекува земјава да добие над 380 милиони евра од Планот за раст за Западен Балкан, почнувајќи од 27 милиони евра до крајот на годинава.

„Имате добра причина да бидете горди на постигнатото, до крајот на годината можете да затворите четири поглавја“, рече Фон дер Лајен на прес-конференцијата по средбата со Спајиќ, цитирана од црногорската национална ТВ РТЦГ.

„Подготвени сме да понудиме секаков вид помош“, додаде таа.

Фон дер Лајен на 23 октомври ја почна својата турнеја низ земјите од Западен Балкан. Таа ги посети Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Република Северна Македонија и Косово. Црна Гора е нејзината последна станица.

Претседателот на ЕК истакна дека црногорските граѓани сакаат европска иднина. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан