• петок, 22 ноември 2024

Фон дер Лајен: Стапи во сила Законот за дигитални услуги - во дигиталниот свет ги внесуваме европските вредности

Фон дер Лајен: Стапи во сила Законот за дигитални услуги - во дигиталниот свет ги внесуваме европските вредности

Брисел, 25 август 2023 (МИА) – Ги внесуваме нашите европски вредности во дигиталниот свет, објави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на Икс (поранешен Твитер) по повод денешното стапување во сила на Законот за дигитални услуги на ЕУ.

- Со строги правила за транспарентност и одговорност, нашиот Закон за дигитални услуги има за цел да ги заштити нашите деца, општества и демократии. Од денеска, многу големи онлајн платформи мора да го применуваат новиот Закон, наведе Фон дер Лајен. 

Законот за дигитални услуги, усвоен во 2022 година, има за цел да ги сузбие нелегалните и штетни дигитални содржини и согласно него 19 големи онлајн платформите и пребарувачи мора да се усогласат со новите правила за интерент содржини на ЕУ. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан