• сабота, 06 декември 2025

Фон дер Лајен: Време е да се признае - миграциските системи во ЕУ веќе не работат

Фон дер Лајен: Време е да се признае - миграциските системи во ЕУ веќе не работат
Брисел, 19 ноември 2020 (МИА) - Постоечките системи за контрола на миграцијата во Европската унија престанаа да работат и имаат итна потреба од преструктуирање, изјави шефот на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, говорејќи на сослушувањето за миграцијата во Европскиот парламент. - Миграциските системи во ЕУ веќе не работат, време е да се признае тоа, додаде таа. Фон дер Лајен ги повика сите земји на ЕУ да ги поддржат предлозите на ЕК за ревидирање на европските правила за миграција. паг/

Остани поврзан