• четврток, 19 декември 2024

Фон дер Лајан: Новиот буџет на ЕУ како нов Маршалов план

Фон дер Лајан: Новиот буџет на ЕУ како нов Маршалов план
Брисел, 2 април 2020 (МИА) - Следниот буџет на Европска Унија би требало да има форма на нов Маршалов план, со цел да се поттикне заздравување на Европа од кризата предизвикана од новиот коронавирус, изјави денеска претседателката на Европска комисја, Урсула фон дер Лајан. - Знаеме дека во оваа криза ни се потребни брзи одговори. Не можеме да чекаме една, две или три години за да најдеме нови орудиа, посочи Лајан. Таа додаде дека долгорочен буџет познат како повеќегодишна финансиска рамка е најсилно средство. - Сакаме да обликуваме повеќегодишна финансиска рамка, која ќе биде клучен дел од нашиот план за заздравување. Голем број бараат нешто како Маршалов план, мислам дека европскиот буџет треба да биде Маршалов план од Европска Унјија за европските граѓани, посочи Лајан. Маршаловиот план беше американска програма за помош за Западна Европа од 1948 година, со цел да се стимулира заздравувањето по Втората светска војна. ми/

Остани поврзан