Фонсека повеќе не е тренер на Милан
- Португалскиот фудбалски стручњак, Пауло Фонсека повеќе нема да го предводи Милан.
Милано, 30 декември 2024 (МИА) – Португалскиот фудбалски стручњак, Пауло Фонсека повеќе нема да го предводи Милан.
Тој на италијанските медиуми им соопшти дека се повлекува од тренерската функција на „Росо-нерите“.
-Да, вистина е, го напуштив Милан. Ова е животот. Јас имам чиста совест бидејќи направив се што можев, изјави Фонсека за „Sky Italia“.
Оставката на Фонсека доаѓа по нерешените 1:1 со Рома викендот во натпреварот од 18. коло на Италијанското фудбалско првенство.
Клубот од Милано се наоѓа на осмото место во Серија А со 27 бодови. зс/
Фото: ЕПА