• недела, 22 декември 2024

Флуминенсе го освои јужноамериканскиот Суперкуп

Флуминенсе го освои јужноамериканскиот Суперкуп

 

Рио де Женеиро, 1 март 2024 (МИА) – Бразилски Флуминенсе ја освои Рекопа Судамерикана, јужноамериканската верзија на европскиот Суперкуп, откако по двата финални натпревари беше поуспешен од еквадорски ЛДУ Кито.

Во првиот натпревар одигран на 22 февруари во Кито, еквадорскиот победник на Копа Судамерикана триумфираше со 1-0, но шампионот во Копа Либертадорес, Флуминенсе, извојува победа изминатата вечер на реваншот на Маракана во Рио де Женеиро со 2-0.

За Флуминенсе ова е прв трофеј во јужноамериканскиот Суперкуп.

Аргентинските гиганти Бока јуниорс со четири и Ривер Плата со три титули се рекордери во Рекопа Судамерикана, а Флуминенсе стана 22 клуб кој триумфирал во ова натпреварување и десетти клуб од Бразил. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан