• четврток, 19 декември 2024

Флик рече не: Канте е „престар“ за Барселона

Флик рече не: Канте е „престар“ за Барселона

Барселона, 4 вгуст 2024 (МИА) - Барселона се уште е доста бавна во формирањето на тимот за следната сезона. Ханси Флик по неговото пристигнување објави дека сака да го направи каталонскиот клуб конкурентен кандидат за титулата во шпанското првенство, како и во Лигата на шампионите, но претстојните трансфери засега сугерираат малку поинаква приказна.

Моментално пристигна само Пау Виктор од Жирона, а се очекува до крајот на летото да видиме уште две нови имиња на „Камп Ноу“. Времето полека истекува, а „блауграна“ нема можност да биде препребирлива, но мора да се признае дека на моменти изгледа како некои луѓе во клубот не се свесни за ова.

Имено, едно од имињата кои тесно се поврзуваа со Барса е Енголо Канте. На францускиот интернационалец му се допадна спортскиот сектор како опција, но зборот на новопромовираниот стручњак е конечен, а тој рече - не! Како што пренесува „Мундо Депортиво“, Германецот не сака да акумулира играчи во доцните играчки години, а тоа е поранешниот фудбалер на Челси.

Навистина, никој не може да спори дека 33 години се незавидна возраст за фудбалските терени, но минијатурниот играч за врска на ЕП во Германија покажа дека сезоната во Саудиска Арабија ни малку не му наштети и дека се уште е кадар за Лигата на шампионите.

Зборувајќи за ситуацијата на Канте, тој веќе на своите агенти им изразил желба да се врати на Стариот континент, со оглед на тоа што не се аклиматизирал добро на животот на Блискиот Исток. Тој ја потенцираше и потребата од настап на највисоко можно ниво, а Ла Лига, заедно со елитното европско натпреварување, секако е тоа. Сепак, светскиот шампион со Франција ќе мора уште малку да почека за повратниот билет во некоја од најдобрите пет лиги.

Никој не би бил изненаден доколку таа пристигне од Барселона подоцна ова лето, особено ако се земе предвид дека нивните опции се ограничени и времето тече. Стрелките на часовникот и недостигот на листови на календарот исто така може да му укажат на Флик дека веќе не е 2014 година и дека Каталонците не се „мечка“ на пазарот.

Потсетуваме, Канте минатото лето за плата од 25 милиони евра од Челси замина во Ал-Итихад. Сепак, се чини дека парите не го задоволија, а цифрите на сметката не го надоместија нивото на фудбалот и немањето среден европски живот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан