• сабота, 24 август 2024

Флик: За Гундоган имам високо мислење

Флик: За Гундоган имам високо мислење

Барселона, 24 август 2024 (МИА) - Тренерот на Барселона, Ханс Флик, изјави дека размислува за заминување на играчот од средниот ред Илкај Гундоган од каталонскиот клуб.

- Гундоган сакаше да му помогне на клубот, но потоа се предомисли да остане. Можам да кажам само добри работи за овој фудбалер. За него имам високо мислење. Тој е одлична личност и фудбалер, изјави Флик за шпанските медиуми.

Вчера Манчестер сити објави за трансферот на 33-годишниот фудбалер.

Гундоган играше за Манчестер сити од 2016 до 2023 година пред да се пресели во Барселона. Во август фудбалерот и шпанскиот клуб го раскинаа договорот со заедничка согласност. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан