• понеделник, 23 декември 2024

Флик: Гундоган сакаше да ни помогне, но се предомисли

Флик: Гундоган сакаше да ни помогне, но се предомисли

Барселона, 23 август 2024 (МИА)- Тренерот на Барселона, Ханзи Флик, изјави на прес-конференција дека Илкај Гундоган сакал самиот да се приклучи на Манчестер Сити. 

-Уште пред мечот со Валенсија ме прашавте за Гундоган. Сакаше да ни помогне, но оваа недела се предомисли. Го познавам и можам да кажам само добри работи за него. Тој е фантастичен играч и личност, порача Германецот.

Тој исто така изрази надеж дека Дани Олмо ќе биде навреме пријавен за утрешната пресметка со Атлетик Билбао.

-Не е моја работа да зборувам за регистрација на фудбалери. Многу ми се допаѓа работата на Олмо, кој е подготвен да игра. Се надевам дека ќе биде достапен утре. Тој е фантастичен фудбалер. Тоа го гледам на тренинзите каде што го ставаме под притисок. Секогаш сум велел дека сум среќен со овој тим. Зборував со повеќето играчи, наскоро ќе го направам истото и со другите. Сите се подготвени да му помогнат на тимот, додаде Флик. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан