• петок, 21 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Флик: Бенфика е одлична во транзиција

Флик: Бенфика е одлична во транзиција

Лисабон, 22 јануари 2025 (МИА) - Тренерот на Барселона, Ханси Флик, искажа пофални зборови за играта на Бенфика на синоќешниот меѓусебен натпревар од 7. коло во Лигата на шампионите.

Барселона победи со 5:4, иако португалскиот тим на полувреме водеше со 3:1.

-Домаќините беа многу добри. Тие се еден од најдобрите тимови во транзиција и можевме да го видиме тоа денес. Имаат одлични играчи и мислам дека тренерот Бруно Лаге заврши одлична работа, изјави Флик по натпреварот во Лисабон.

Барселона има 18 бодови и е на второто место во поредокот. Каталонците си обезбедија пласман во осминафиналето. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан