ФИФА ја објави првата песна од албумот за СП2026
- Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска ја објави првата песна од официјалниот музички албум за Светското првенство кое oва лето ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Цирих, 18 март 2026 (МИА) – Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска ја објави првата песна од официјалниот музички албум за Светското првенство кое oва лето ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
ФИФА на социјалните мрежи објави дел од песната, насловена, „Lighter“, во изведба од Карин Леон и Џели Рол.
Песната комбинира елементи на кантри, рок и хип-хоп, што предизвика изненадување во кај дел од публиката, но, воедно, предизвика љубопитност дали целиот албум ќе следи сличен музички концепт што комбинира различни жанрови и култури.
За разлика од претходните мундијалски турнири, ФИФА сè уште не ја објави официјалната химна, што отвора можност овој пат да се користат повеќе песни за различни натпревари и локации, во согласност со желбата да се прикаже културната разновидност на домаќините – САД, Канада и Мексико.
Светското првенство ќе почне на 11 јуни во Мексико Сити, додека финалето е закажано за 19 јули во Њу Џерси. ег
ФОТО: ЕПА