• понеделник, 23 декември 2024

ФИФА: Суспензијата на Тонали се однесува на целиот свет

ФИФА: Суспензијата на Тонали се однесува на целиот свет

Цирих, 28 октомври 2023 (МИА) – Забраната за настап на италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали, поради кршење на правилата за обложување на натпревари, се однесува на целиот свет, објави синоќа Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).

Реакцијата на светското фудбалско раководно тело доаѓа по најавите од англискиот прволигаш Њукасл дека италијанскиот играч за врска би можел да настапи за својот клуб денеска во Премиер лигата.

Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) му изрече во четвртокот на Тонали 18-месечна суспензија поради обложување на илегални платформи.

Тонали, воедно, е казнет и до 20.000 евра поради кршење на правилата на ФИГЦ кои им забрануваат на играчите да се обложуваат на натпревари во организација на ФИГЦ, УЕФА и ФИФА.

Тренерот на Њукасл, Еди Хоу, изјави на вчерашната прес – конференција дека Тонали сè уште има „големи шанси“ да настапи на денешниот дуел против Вулверхемптон. ег/

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан