• петок, 05 декември 2025

ФИФА ги објави датумите за интерконтиненталните баражи за СП2026

ФИФА ги објави датумите за интерконтиненталните баражи за СП2026


Цирих, 21 ноември 2025 (МИА) – Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги објави денеска датумите за одигрување на интерконтиненталните баражи за пласман на Светското првенство во 2026 година.
Двете групи ќе се играат во Мексико, првата во Гвадалахара, а втората во Монтереј.
Полуфиналињата се закажани за 26 март, додека финалните дуели ќе се играат пет денови подоцна.
Во првата група, Демократска Република Конго во финалето за противник ќе го чека победникот од полуфиналето меѓу Нова Каледонија и Јамајка.
Во втората група, победникот од полуфиналната пресметка меѓу Боливија и Суринам ќе го игра во финалето против Ирак.
Пласман на Светското првенство, кое ќе се игра следното лето во САД, Канада и Мексико, ќе обезбедат победниците во двете финалиња.ег
ФОТО: Икс

Остани поврзан