• петок, 05 декември 2025

Фиорентина се раздели со тренерот Паладино

Фиорентина се раздели со тренерот Паладино

 

Фиренца, 30 мај 2025 (МИА) – Тренерот Рафаеле Паладино и Фиорентина заемно го раскинаа договорот, само три недели откако потпишаа продолжување на соработката, објави денеска италијанскиот прволигаш.

„Фиорентина може да потврди дека договорот со Рафаеле Паладино, како и договорот со неговиот стручен тим, е раскинат со заемна согласност, се вели во клупското соопштение.

Поранешниот тренер на Монца, Паладино, потпиша двегодишен договор со Фиорентина, со опција за дополнителна година, во јуни минатата година. На 7 мај, пред реваншот од полуфиналето на Конференциската лига со Реал Бетис, Фиорентина објави продолжување на договорот до 2027 година.

Фиорентина беше елиминирана од Бетис во полуфиналето во Конференциската лига, но избори место во ова натпреварување и следната сезона, откако го освои шестото место во Серија А, што е најдобар плсман на клубот од Фиренца од 2016 година. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан