• петок, 22 ноември 2024

Фиорентина се пофали со Белоти

Фиорентина се пофали со Белоти

Фиренца, 1 февруари 2024 (МИА) – Калчолигашот Фиорентина потврди дека Андреа Белоти до крајот на сезоната ќе игра во тимот од Фиренца како позајмен од Рома за сума од 750.000 евра. Во зделката меѓу двата клуба нема опција за купување на играчот, кој на лето ќе се врати во Рим.

Сезонава Белоти не успеа да се избори за стандардно место во првиот состав на Рома во конкуренција на напаѓачите Ромелу Лукаку и Пауло Дибала. И покрај тоа Белоти успеа да постигне шест гола и две асистенции на 22 натпревари во сите натпреварувања. 

Триесетгодишниот Белоти се надева на редовни настапи во Фиорентина со цел да добие повик од Лучијано Спалети во репрезентацијата на Италија за Евро 2024 година.

Фиорентина по 21 коло сезонава во Серија А се наоѓа на 6. место со 34 освоени бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан