• сабота, 21 декември 2024

Фиорентина сака да се стекне со Белоти

Фиорентина сака да се стекне со Белоти
Фиренца, 5 јуни 2020 (МИА) - Напаѓачот на Торино, Андреа Белоти може да замине во Фиорентина, пренесува „Ла Национе“. Според италијанскиот медиум, „Виолетовите“ се обидуваат да ја намалат цената на 26-годишниот фудбалер. Претходно, раководството на Торино излезе со став дека не планира да го продади својот лидер, иако се верува дека челниците на клубот се подготвени да разговараат за можен трансфер на играчот за 70 милиони евра. Оваа сезона Белоти одигра 31 натпревар на сите турнири, во кои постигна 15 голови и направи две асистенции. зс/

Остани поврзан