Финска ги извести ОН за повлекувањето од Конвенцијата за забрана на противпешадиски мини
- Финска ги извести ОН за повлекувањето од Конвенцијата од Отава за забрана на противпешадиски мини, соопшти доцна синоќа финското Министерство за надворешни работи.
Хелсинки, 11 јули 2025 (МИА) - Финска ги извести ОН за повлекувањето од Конвенцијата од Отава за забрана на противпешадиски мини, соопшти доцна синоќа финското Министерство за надворешни работи.
Повлекувањето ќе стапи на сила шест месеци по датумот на известувањето, во јануари 2026 година, се вели во соопштението на Министерството.
Литванија, Латвија, Естонија и Полска, исто така, одлучија да се повлечат од договорот, наведувајќи зголемена воена закана од соседна Русија. Порано овој месец, агенцијата објави дека Литванија и Финска се подготвуваат да започнат со производство на ова оружје следната година. мс/
фото: ОН