• вторник, 13 јануари 2026

Финансиските планови за 2025 и 2026 на дневен ред на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање

Финансиските планови за 2025 и 2026 на дневен ред на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање

Скопје, 29 декември 2025 (МИА) - Собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање денеска ќе одржи седница на која на дневен ред се финансиските планови на Македонска радио-телевизија за 2025 година и за 2026 година. 

Пратениците треба да го разгледаат Финансиски план за изменување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2025 година со пренамена на средства, Годишната инвестициона програма на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија,  Финансиски план на Јавно радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2026 година, како и Финансиски план за изменување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2026 година со пренамена на средства. ев/бк/

ФОТО: Архива 

Остани поврзан