• петок, 22 ноември 2024

Финансиска полиција влезе во скопски „Водовод“

Финансиска полиција влезе во скопски „Водовод“
Скопје, 16 септември 2022 (МИА) - Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи влегоа во ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, потврдија за МИА од Основното јавно обвинителство (ОЈО) и од скопски „Водовод“. Од ОЈО велат дека е известен јавен обвинител и дека обвинителството ќе постапи согласно надлежностите доколку органите во чија надлежност е откривањето на криминал утврдат елементи на кривично дело. - Во овој момент обвинителството има консултативна и координативна улога и јавниот обвинител редовно се известува за преземените дејствија. Доколку органите во чија надлежност е откривањето на криминал утврдат елементи на кривично дело, обвинителството ќе постапи согласно своите надлежности, велат од ОЈО. МИА денеска упати прашања и до Финансиската полиција и Кабинетот на градоначалничката на Град Скопје, но од нив до објавувањето на веста не доби одговор. Град Скопје неделава соопшти дека го разрешува в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, Златко Перински, поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер. По ова, оставки поднесоа и директорите на уште неколку јавни претпријатија коишто се под надлежност на Град Скопје посочувајќи дека немаат комуникација со градоначалничката Арсовска. ар/бак/  

Остани поврзан