• понеделник, 17 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Финалниот турнир во одбојкарскиот Куп ќе се игра во Радовиш

Финалниот турнир во одбојкарскиот Куп ќе се игра во Радовиш

Скопје, 1 март 2025 (МИА) – Спортската сала „25. Мај“ во Радовиш по вторпат ќе биде домаќин на финалниот турнир од одбојкарскиот Куп во машка и женска конкуренција, кој ќе се одржи од 3. до 5. април годинава, одлучи Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ).

Радовиќ прв пат беше домаќин на финалниот одбојкарски турнир во куп натпреварувањето во 2023 година.

Тридневната куп-програма ќе стартува на 3 април со полуфиналните дуели во машка конкуренција. Ден подоцна на програмата се полуфиналните натпревари во женска конкуренција, а финалните дуели ќе се играат на 5 април.

Пласман во полуфиналето кај мажите обезбедија бранителот на титулата Штип УГД, Струмица 47&72, Борец и Работнички 71&22, додека за трофејот во женска конкуренција ќе се борат Наковски Волеј, Јанта Волеј КВ, Фит Фан Волеј и Работнички Скопје.

Жрепката за полуфиналните парови е закажана за 7 март. ег

ФОТО: ОФМ

Остани поврзан