• петок, 22 ноември 2024

Финалето на Купот на Америка ќе се игра на „Маракана“

Финалето на Купот на Америка ќе се игра на „Маракана“
Рио де Жанеиро, 3 јуни 2021 (МИА) - Последниот натпревар од Купот на Америка ќе се одржи на 10 јули на стадионот „Маракана“ во Рио де Жанеиро, соопштено е на веб-страницата на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ). Турнирот ќе се одржи во Бразил од 13 јуни до 10 јули. Воведниот натпревар ќе се одржи на стадионот „Гаринча“ во главниот град на Бразилија. Во него домаќините на турнирот ќе се сретнат со репрезентацијата на Венецуела. Првично, Купот на Америка требаше да се одржи во Колумбија и Аргентина. Колумбија беше лишена од ова право поради масовните протести во земјата, а Аргентина поради неповолната епидемиолошка состојба со коронавирус. зс/

Остани поврзан