• недела, 22 декември 2024

Филхармонијата в четврток ќе гостува во Дубровник

Филхармонијата в четврток ќе гостува во Дубровник

Скопје, 23 септември 2024 (МИА) - Македонската филхармонија в четврток (26 септември) ќе гостува во Дубровник со концерт на сцената на Кнежев двор. 

Солистка на концертот ќе биде  хрватската виолинистка Џана Кариман, концертмајстор на Дубровничкиот симфониски оркестар, а оркестарот ќе го води диригентот  Бојан Цанев.

На програмата се „Медитеранска суита“ од балетот „Дубровничка легенда“ од Љубомир Бранѓолица, Концертот за виолина и оркестар во А-дур од Моцарт и Симфонијата бр. 5 во Бе-дур од Франц Шуберт.

-Концертот на Македонската филхармонија во Дубровник се реализира како дел од годишната програмата на институцијата, поддржана од Министерството за култура и туризам, соопшти Филхармонијата. хс/

Фото: МИА архива 

 

 

Остани поврзан