• понеделник, 23 декември 2024

Филмот „Лена и Владимир“ на Игор Алексов во киното „Мис Стон“ во Прилеп

Филмот „Лена и Владимир“ на Игор Алексов во киното „Мис Стон“ во Прилеп

Скопје, 25 октомври 2023 (МИА) - Најновиот македонски филм „Лена и Владимир“ на режисерот Игор Алексов вечер првпат ќе биде прикажан во киното „Мис Стон“ во Прилеп, со почеток во  19.30 часот.

Филмот е работен по сценарио на Александар Русјаков.

Својата премиера ја имаше на затворањето на фестивалот „Браќа Манаки“, а на 19 октомври се прикажа пред скопската публика во „Синеплекс“.

Улогите во „Лена и Владимир“ ги толкуваат Тони Наумовски, Сара Климоска, Дениз Абдула, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Петре Арсовски и други.

Во филмот судбината спојува двајца бегалци, Владимир, 40-годишен маж кој ја изгубил сета своја љубов и Лена, 16-годишна девојка која никогаш немала љубов. Тие си помагаат еден на друг да ја откријат љубовта кон животот. ир/лв/

фото: Плакат 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан