Филков се сретна со граѓански организации за реформите во изборното законодавство
- Министерот за правда Игор Филков денеска одржа работна средба со претставници на независните граѓански иницијативи, на која во фокусот беа реформите во изборното законодавство и можностите за нивно унапредување преку инклузивен и транспарентен процес на консултации, соопштуваат од Министерството за правда.
Скопје, 16 април 2026 (МИА) - Министерот за правда Игор Филков денеска одржа работна средба со претставници на независните граѓански иницијативи, на која во фокусот беа реформите во изборното законодавство и можностите за нивно унапредување преку инклузивен и транспарентен процес на консултации, соопштуваат од Министерството за правда.
Средбата била на иницијатива на граѓанските организации, а на состанокот им било посочено да достават конкретни предлози и сугестии за унапредување на изборното законодавство, кои ќе бидат разгледани од страна на работната група, што, претставниците на независните граѓански иницијативи го прифатиле.
- Министерството за правда континуирано спроведува консултации со сите засегнати страни. Во изминатиот период беа одржани повеќе работни средби со институции како Државната изборна комисија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а веќе е закажана и средба со Државната комисија за спречување и борба против корупцијата. Сите предлози од овие институции се доставуваат до работната група и се предмет на разгледување - стои во соопштението од министерството.
Оттаму дополнуваат дека процесот е транспарентен, инклузивен и отворен за сите релевантни чинители.
- Работната група за реформи во изборното законодавство работи интензивно и во неа се вклучени претставници на сите парламентарни политички партии и независни пратеници, со цел да се обезбеди политички легитимитет и широка застапеност во креирањето на законските решенија. Се разгледуваат препораките на ОБСЕ/ОДИХР, кои имаат за цел да обезбедат фер, транспарентен и кредибилен изборен процес - дополнуваат оттаму.ар/са/
Фото:Министерство за правда