• недела, 22 декември 2024

Филип Лазарини предупреди на ризик од глад во Газа

Филип Лазарини предупреди на ризик од глад во Газа

Берлин, 16 октомври 2024 (МИА) – Шефот на агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Филип Лазарини, денеска предупреди на ризикот од глад во Газа, еден ден откако САД соопштија дека го предупредиле Израел дека треба да ја подобри испораката на помош до областа.

На прес-конференција во Берлин, Лазарини истакна дека „денес постои реален ризик да се влезе во ситуација повторно да е можна глад или акутна неухранетост“, пишува „Гардијан“.

Тој ја опиша тешката хуманитарна ситуација во Газа, велејќи дека таа станала еден вид пустина, и оти е речиси „непогодна за живеење“. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан