• петок, 22 ноември 2024

Филипче: Податоците за мајката и синот од Велес ќе бидат битни за тоа што ќе следи во анализата на антителата

Филипче: Податоците за мајката и синот од Велес ќе бидат битни за тоа што ќе следи во анализата на антителата
Скопје, 12 април 2020 (МИА) - Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната информативна видео-сесија истакна дека од голема помош ќе бидат податоците за починатите мајка и син кои пред неколку дена беа пронајдени во стан во Велес, за кои наскоро, како што рече, и ќе се дознае кога настапила смртта и тие податоци ќе бидат битни за тоа што натаму ќе следува во однос на анализата на состојбата со антителата. - Податоците за нив ќе ни бидат многу битни во однос на тоа што ќе следи, а тоа е како ќе ја анализираме состојбата со антителата, т.н. скрининг на серолошкиот статус на населението генерално, што нема сега да почне, туку малку понатаму, затоа што сме се уште во фаза кога откриваме активни болни, кои можат да го пренесат вирусот и заради тоа е се уште е актуелен, рече Филипче. Поради тоа оцени дека е добра стратегијата на Комисијата за инфективни болести да се дијагностицираат само пациенти кои имаат симтоми и сите нивни примарни контакти да бидат во одредена изолација и тоа, како што рече, ние како држава генерално го постигнуваме со рестриктивните мерки на движење. Во тој контекст рече оти се повеќе публикации укажуваат дека има и асимптоматски носители кои можеби се со многу лесни, па дури и поминале практично со никакви симптоми и тие се активни преносители на вирусот и во даден момент тие ќе создадат антитела. Истакна дека бидејќи овој вирус се уште е непознат и неговиот генетски материјал е изолиран кај починатите во најдлабоките делови на белите дробови, таму каде што се врзува вирусот со клетките и ја компромитира функцијата со белите дорбови, после детекцијата и констатирањето на состојбта со починатите во Велес, ќе биде одличен показател што понатаму ќе следува, а тоа како што рече, ќе се случи откако животот повторно ќе се враќа во нормала. - Ние и сега презеаме одредени мерки да се спремат капацитетите за тоа како да се функционира тогаш кога ќе кажеме дека е моментот да се прекинат сите рестриктивни мерки, тоа веројатно ќе биде на почетокот или средината на мај. Допрва ќе се утврдува моментот кога практично ќе го вратиме животот во функција и начинот на кој ќе се впуштиме во детекција на серопреваленцата на населението, односно кои се тие градови, општини, региони, на кој начин ќе пристапиме да се контролираат и детектираат антителата врз основа на што овој процес што ќе трае веројатно до крајот на годината, ќе ја имаме целосната мапа на состојбата со оваа болест во нашата земја, рече министерот за здравство Филипче на информативната видео-сесија за КОВИД-19. Во изминатите 24 часа се регистрирани 68 нови случаи на Ковид-19, со што бројот на заразени со коронавирус во земјава се зголеми на 828 лица. нд/лв/    

Остани поврзан