Филипче: Воспоставен е системот на модуларната болница до Инфективната клиника
- Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на својот фејсбук профил истакна дека е поставен системот со модулите во модуларната маневарска болница до Инфективната клиника. За најкраток вр
Скопје, 3 мај 2020 (МИА) - Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на својот фејсбук профил истакна дека е поставен системот со модулите во модуларната маневарска болница до Инфективната клиника. За најкраток временски рок, како што појасни, дуплирани се капациентите на установата.
-Го поставивме системот со модулите во модуларната маневарска болница до Инфективната клиника. За најкраток временски рок ги дуплиравме капациентите на установата. Со финансиска поддршка на Швајцарската амбасада набавивме и поставивме „монтажни модули“, каде се сместени простории за болнички кревети, амбулантски и тријажен простор, соби за одмор на персонал, тоалети за пациенти и персонал, гардеробери и соби за состаноци.
Тој појасни дека целата оваа структура е поврзана со „топла врска“ со зградата на Инфективната клиника, а во периодот кој следува ќе се доопреми и со потребната немедицинска опрема.
-Ја амортизираме евентуалната оптеретеност на Клиниката и даваме можност на медицинскиот персонал соодветно да ги распореди сопствените ресурси во борбата за превенција и заштита од коронавирус, пишува министерот Филипче на фејсбук. бт/ац/
https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/637087303507023/?__tn__=kC-R&eid=ARDM4Hmw07XSnmblI9RvsVyWzHQ7Twl0uv9ulJXhL3LM8st9OgatTSMkOITqnrUHT_2P3pe68-Lk0cGQ&hc_ref=ARSZsZCQBMUPRM36Ifr6zRM2kBrEF6nMci-DgfX3-JdfhKXTldC-RRCusZZ4Xx8HEqA&fref=nf&__xts__[0]=68.ARBIliDv5Th5iM0lUuJiRqAXPOPEveX_oRxbVIZC7rCDVEko8G9mgWoO04fnj-ack7E9S5l-yLKd3JxK1j9GY0VMiLbtraSe38SMPNODk26ZkN6p5RS9-D0XzQNAUQUeHbq7LzWe0GIWWmR-ioyaov9VodqEPFdEJ3VtEpW-XAuva5qrFs-zim8Z0Ib8aEX24J1b_R2lNUigu5eDfHbtqRVKBiASs-hy4n-Q8cydfQMQkoSigSE-9WVhvQubk32UzNn8usJ8aIye8GB9wtHLI_slKXj0Y67U2VxHy8s0f8kr3t9yV_0dmcT96qBuBV4SMsrT0ArjF2CZRcYkukAdAbxqcde9WkIAB2zn0TlCGS6Q3DMunkxgsxAtqFUZGw-9Q9ZlmLM