• недела, 22 декември 2024

Филипче: СДСМ ќе иницира затворена седница, Мицкоски да каже кој е планот за евроинтеграциите

Филипче: СДСМ ќе иницира затворена седница, Мицкоски да каже кој е планот за евроинтеграциите

Скопје, 4 септември 2024 (МИА) - Претседателот на СДСМ Венко Филипче го повика премиерот Христијан Мицкоски да свика затворена седница за идните чекори за евроинтегративниот процес. Доколку не го стори тоа, тогаш, како што кажа Филипче во синоќешното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21, СДСМ како пратеничка група во Собранието ќе иницира затворена седница на која ВМРО ДПМНЕ и целокупното владино мнозинство, треба да појаснат дали има план и каков за продолжување на евроинтеграцискиот процес.

0 ВМРО-ДМНЕ и целокупното  владино мнозинство, има обврска да каже како по тој пат понатаму.Очигледно е дека нивниот стратешки  партнер Унгарија кажа дека не може да се меша и дека не може да помогне повеќе, така што владата има одговорност. Сметам дека премиерот има голема обврска, сега треба да го каже неговиот план и да го каже планот на Владата. Како ќе продолжиме, имаат ли план во која временска рамка ние ќе го направиме тоа. Размислуваат ли можеби да сме дел од некој друг сојуз, размислуваат  ли да не остават да сме слепо црево во Балканот и да не остават да живееме сами, изолирани и без помош, рече Филипче.

Според него, владејачката гарнитура нема екслузивно право да го крие планот и идните чекори  од јавноста. Посочи дека ВМРО ДПМНЕ дојде на власт со ветувања дека ќе ја подобри преговарачката позиција со ЕУ, ном како што вели, ништо не исполнија, напротив ги влошија односите со соседите.

Филипче смета дека Владата нема желба да ги исполни условите од Преговарачката рамка за државата да продолжи по европскиот пат. За раздвојувањето од Албанија, лидерот на СДСМ оцени дека земјава ќе стои во место, доколку Владата не преземе конкретни чекори.

- Следува сериозен период во кој ние ќе треба да стоиме во место. Сега има еден план, серозен план, на старо-новата претседателка на Европската комисија, од 2024 до 2029 година серозно да работат со земјите кои што се најнапред во процесот на преговори,  со прием на пакет  земји кои што треба да бидат, Црна Гора, Албанија и Македонија. Но тоа нема да се случи ако не го сработиме тоа што треба. Тоа значи дека нас сериозна работа не чека  во 2024, 2025 и 2026 година и ако не почнеме сега, сме го пропуштиле тој воз, остануваме со Молдавија, Украина,  Босна, Украина, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче. са/

Фото: СДСМ

Остани поврзан