• вторник, 14 мај 2024

Филипче од Прилеп: Го зголемуваме животниот стандард на граѓаните

Филипче од Прилеп: Го зголемуваме животниот стандард на граѓаните
Скопје, 25 јуни 2021 Попладнево, потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче се сретна и разговараше со граѓаните на Прилеп. Потпретседателот истакна дека СДСМ партнерски со граѓаните ја креира најдобрата програмска понуда, отворено разговара и го слуша гласот на народот. ‘Го зголемуваме животниот стандард на граѓаните, на работниците, во сите сектори, вклучително и во здравството. За тоа говори и нашата последна мерка. Започнувајќи од септември на медицинските сестри и техничарите ќе им биде платено високото образование во коешто инвестирале, а од 2015 наваму не се во можност да го валоризираат преку својата плата.Со ова токму СДСМ надминува една неправда кон медицинските лица. Ги надградивме здравствените капацитети и ги подобривме условите, во сред пандемија направивме  17 ковид центри низ државата, кои понудија грижа за сите. Соодветно одговоривме на најголемиот предизвик во менаџирање на кризата за да го заштитме здравјето на граѓаните.’  истакна Филипче. Зборвајќи за политиките на СДСМ, Филипче додаде дека зголемувањето на платите е дел од социјалдемократскиот модел за подобар животен стандард. „Ги зголемивме примањата на здравствените работници, но и на вработените во полицијата, во градинките, во училиштата, во индустријата. Ја зголемивме социјалната помош за рекордни 300 проценти и го вративме достоинствениот живот на стечајните работници. Инвестираме во земјоделството, но и во екологијата, подеднакво да се развиваат сите сектори„ порача од Прилеп потпретседателот Филипче. Потпретседателот на СДСМ на маалска средба со граѓаните на Прилеп рече дека СДСМ е отворена за граѓаните и нивните предлози и заедно со нив ја испишува и програмската понуда за наредните локални избори. Тука сме да го слушнеме вашиот глас и вашите сугестии и забелешки. Тоа е најдоброто, заедно го создаваме. Заедно креираме политики како одговор на вашите потреби. Подготвени сме да понудиме најдобри решенија и најдобра понуда за локалните избори’ истакна Филипче. СДСМ продолжува да биде најголем партнер и најдобриот избор на граѓаните. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки  

Остани поврзан