• среда, 18 декември 2024

Филипче: Комисијата за заразни болести детално ќе ги проверува анкетните прашалници

Филипче: Комисијата за заразни болести детално ќе ги проверува анкетните прашалници
Кочани, 2 октомври 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче, по вечерашната средба со градоначалнкот на Кочани, Николчо Илијев, најави дека детално ќе се анализираат податоците од анкетните прашалници за да се согледаат можните причини за огромниот пораст на бројот на позитивни на Ковид-19. Целосен карантин, како што рече, не е вистинско решение, а единствен начин да се спречи ширењето на вирусот е сите поревносно да се придружуваат кон мерките. - Денешниот број на новодијагностицирани во целата држава загрижува поради тоа што просекот е повисок во однос на претходните денови. Во таа смисла, Комисијата за заразни болести овој викенд детално ќе ги проверува анкетните прашалници, за да се утврди начинот на трансмисија во секоја општина или град во државата, па врз основа на тоа во следните денови, на почетокот од идната недела да бидеме подготвени да препорачаме мерки, согласно начинот на пренесување на вирусот. Тие мерки мора да бидат соодветни, ги најавивме на почетокот на септември, бевме свесни дека ни доаѓа есенски перид во којшто може да има зголемен број на дијагностицирани, што сега практично се случува, истакна министерот Филипче. На средбата со градоначалникот на Кочани се разговарало за високиот број позитивни лица во општината во изминатите две недели, посебно за новите мини кластери во некои институции, текстилни фабрики, но и меѓу здравствени работници и вработени во градинките. Додаде дека не се размислува за повторно враќање на мерките за ограничено движење на граѓаните. -Рестриктивните мерки, како и секаде во светот, дадоа резултат, а по нивното олабавување се појавија нови случаи. Тоа е доказ дека вирусот е тука и дека единствен начин да се запрат сите процеси, не само во нашата држава, е да се придржувам,е кон заштитните мерки. Целосен карантин не е вистинско решение, затоа што кога и да се направи, по укинувањето повторно се соочуваме од зголемен број на случаи. Затоа апелирам до граѓаните уште поревносно да се придружуваат кон мерките, затоа што тоа е единствениот начин да се спречи ширењето на вирусот, рече Филипче.та/лв/

Остани поврзан