• понеделник, 23 декември 2024

Филипче: Кинеските вакцини ќе тргнат утре од Пекинг, во Скопје ќе стигнат или на 30 април или на 1 мај

Филипче: Кинеските вакцини ќе тргнат утре од Пекинг, во Скопје ќе стигнат или на 30 април или на 1 мај
Скопје, 27 април 2021 (МИА) - Според последната информација од вчера, кинеските вакцини на 28 април треба да тргнат од Пекинг кон Истанбул, на 30-ти од Истанбул во Белград и оттука најверојатно или на  30-ти вечерта или на 1 мај со специјални камиони ладен ланец ќе пристигнат во Скопје, по што ќе ги сместиме во ладната соба во поликлиниата „Јане Сандански“, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Филипче информира дека уште истиот или следниот ден, според веќе планираната дистрибуција и начинот на пријавување и бројката, ќе се дистрибуираат во сите пунктови за масовна вакцинација во државата, за да веќе од вторник, по празниците, истиот процес започне. Филипче рече и дека досега се вакцинирани околу 53.000 граѓани. Министерот, во врска со рестриктивните мерки, рече дека будно ја следат ситуацијата и оти на вчерашната средба со верските лидери разговарале да апелираат до граѓаните да се придржуваат до превентивните мерки, бидејќи, посочи тој, тоа е единствениит спас за да нема некакво влошување. -Подолг период наназад имавме рестриктивни мерки. На почеток полицискиот час, што во еден период даде резултат и кривата се стабилизираше, се израмни и после тоа практично беше парабола и се уште е онаа што ја имитира онаа крива од месец ноември. Што значи дека во моментот кога започнаа да опаѓаат бројките, во тој момент, воведовме дополнителни рестриктивни мерки, со цел процесот да се забрза, да се изпразнат болниците, меѓутоа имајќи предвид дека пред нас се празници, а поучени од искуството од минатата година дека празниците беа еден момент на влошување на епидемиолошката состојба, рече Филипче. Според него, добро е што тоа даде резулат и сега, како што рече, имаме се помал број на заболени, се помал е притисокот на пациенти за прием во болниците и ширум државата и во Скопје и од една во друга здравствена институција, оценувајќи оти овој бран стивнува но сепак ја следат состојбата тука и во другите земји. Премиерот Зоран Заев, во врска со предложените мерки на Комисијата за заразни болести пред претстојните верски празници, рече дека Комисијата навремено ги донела досегашните мерки, порачувајќи им на граѓаните дека ако продолжиме понатаму како и досега, да ги почитуваме мерките, пред се на лична заштита, мерките на негрупирање, ќе можеме да го потврдиме вниманието за важниот социјален аспект на животот на граѓаните, а тоа е верата и традицијата, притоа да не дозволиме да се зголемат бројките. 

Заев рече и дека во исто време треба и да се изменаџира посетата на верските храмови, црквите или џамиите, тоа да биде согласно протоколите и мерките. нд/ац/

Остани поврзан