Филипче: Каја и Горан имаат конкретни програми со решенија за Скопје и Кисела Вода
- Претседателот на СДСМ Венко Филипче заедно со кандидатите за градоначалници за Скопје и Кисела Вода беа во посета на паркот во Кисела Вода од каде испратија пораки дека со конкретна програма и работа на терен резултатите ќе дојдат и во Кисела Вода, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 4 октомври 2025
Претседателот на СДСМ Венко Филипче заедно со кандидатите за градоначалници за Скопје и Кисела Вода беа во посета на паркот во Кисела Вода од каде испратија пораки дека со конкретна програма и работа на терен резултатите ќе дојдат и во Кисела Вода, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
„Мислам дека ова е еден добар пример како треба да се однесува градот кога се планираат содржини за сите категории на граѓани конкретно овој парк којшто направен во времето на претходниот градоначалник Петре Шилегов за жал е не одржуван, е запуштен ,нечист со едноставно никакви до содржини и развој после неговиот мандат. Имаме конкретни програми, имаме конкретни планови, направени врз основа на вистинските потреби на граѓаните. И Горан и Каја се луѓе коишто работат инклузивно кои имаат отворен пристап за потребите на граѓаните“, рече Филипче.
Тој исто така потенцираше дека Горан и Каја, нема да бидат затворени во своите канцеларии туку низ населбите каде ќе ги лоцитаат проблемите и ќе работата на нивно решавање.
„Едноставно гласајќи за нив граѓаните треба да знаат дека гласаат за подобри места за живеење“, рече Филпче.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање за најавите на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Орце Георгиевски дека во Скопје ќе има воз, оцени дека станува збор за уште лага од низата нереални и лажни ветувања.
„За жал сметам дека е тоа уште едно во низата лажни ветувања. Таква пруга ниту има каде да се направи ниту имаат траси, едноставно е ветување дадено од рака. Меѓутоа има едно многу други интересно прашање е што пред две или три недели, Јавното претпријатие Македонски железници и инфраструктура потпишала договор за надзор за изведба на санација на одредени делници на пруга со италијанската компанија ИРД којашто е надзор на автопатите Бехтел и Енка и истата таа компанија за коешто многу претставници на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и вицепремиерот Николовски обвинуваа дека се криминални зделки склучени од претходната влада. Обвинуваа дека фирмата работела само во Македонија и Молдавија, а не во Италија иако италијанска. Обвинуваа дека, поставуваа сомнеж како тоа да еден од директорите одговорен за Македонија претходно бил вработен во министерството за транспорти врски и сега после сите тие обвинувања после повиците до ОЈО да ги истражи тие таканаречени зделки сомнителни итн, тие потпишуваат договор со истата компанија“, изјави Филипче.
Притоа Филипче констатираше дека нема крај на лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ кое дојде на власт со лажна изјави, лажна кампања и лажни ветувања пред граѓаните.
„Па има ли поголем доказ од тоа дека сè што кажуваа е невистина и дека нивната кампања беше изградена на лаги и манипулации?“ рече претседателот на СДСМ Венко Филипче.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Фото: СДСМ