• петок, 05 декември 2025

Филипче: Им оддаваме почит на храброста и непокорот на борците кои пред 81 година го ослободија Скопје

Филипче: Им оддаваме почит на храброста и непокорот на борците кои пред 81 година го ослободија Скопје

Скопје, 13 ноември 2025 (МИА) - Денес, кога го одбележуваме 13 Ноември-Денот на ослободувањето на Скопје, оддаваме почит на храброста и непокорот на борците кои пред 81 година го ослободија Скопје, напиша на Фејсбук, претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Овој ден, како што наглаува Филипче, е потсетник на истрајноста на хероите од Народноослободителната борба, кои се заслужни за слободата што ја живееме.

-На денешен ден во 1944 година, улиците на Скопје беа ослободени од фашистичкиот окупатор, а Скопје од тогаш пулсира како слободен град. Нашите херои ни ја оставија во наследство слободата, но и обврската да ја чуваме и унапредуваме. Скопје денес повторно се соочува со предизвици-економски, политички и општествени. Наша должност и обврска е да се бориме за модерно и праведно Скопје, за Скопје какво што го заслужуваат граѓаните, за град кој ќе се развива како европска метропола. Да не ја заборавиме пораката на нашите предци кои ја создадоа слободата – слободата се брани секој ден, со труд, чесност и грижа за сите граѓани. Вечна слава на хероите од Народноослободителната борба! Нека е честит и вековит 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје!, напиша Филипче во објават на Фејбук. дма/са/

Фото: Фејбук на Венко Филипче

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан