• понеделник, 23 декември 2024

Филипче: Во моментов 90 отсто од сите хоспитализирани пациенти се невакцинирани

Филипче: Во моментов 90 отсто од сите хоспитализирани пациенти се невакцинирани
Скопје, 26 август 2021 (МИА) – Неодговорно е да го тестираме човечкиот имунинтет на ризична болест во услови кога имаме веќе докажано ефикасна вакцина за истата. Не смееме да дозволиме да дочекаме нови бранови и соеви, невакцинирани, порача министерот за здравство Венко Филипче. Тој на својата Фејсбук страница истакна дека одложувањето на вакцинацијата против Ковид-19 е само одложување на проблемот. - Вакцините се тие со кои ќе ја победиме пандемијата, не прележувањето на вирусот. Неодговорно е да го тестираме човечкиот имунитет на ризична болест во услови кога имаме веќе докажано ефикасна вакцина за истата. Не смееме да дозволиме да дочекаме нови бранови и соеви, невакцинирани. Тоа ќе значи нов притисок врз здравствениот систем, бидејќи во моментов 90 отсто од сите хоспитализирани пациенти се невакцинирани, стои во објавата. Министерот виоедно појаснува дека вакцинацијата еден месец по прележувањето е целосно безбедна по здравјето на граѓаните. - Човештвото во минатото ги победило сите пандемии благодарение на масовна вакцинација. Во редовниот вакцинален календар даваме повеќе вакцини за деца и возрасни со кои се искоренети низа болести. Тие сите се даваат во редовниот термин и план за вакцинација. Вакцинацијата еден месец по прележувањето е целосно безбедна по задравјето на граѓаните, граѓаните треба да бидат спокојни во однос на ова, истакнува Филипче. Уверува дека предложените мерки се ефикасни во однос на двете цели, а тоа како што вели се брза вакцинација и спречување на ширење на вирусот. - Барам поддршка да се избориме заедно за што поголема имунизација, вели тој. свс/нд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан