• понеделник, 25 ноември 2024

Филипче: Владата досега не покажа никаква намера за да го продолжиме европскиот пат

Филипче: Владата досега не покажа никаква намера за да го продолжиме европскиот пат

Скопје, 2 септември 2024 (МИА) - Сметам дека досега оваа Влада не покажа апсолутна никаква намера ние да го продолжиме европскиот пат и не гледаме ниту еден чекор во насока кон обид да се направи нешто во контекст на тоа што го ветуваа, рече во одговор на новинарско прашање претседателот на СДСМ, Венко Филипче, прашан за односите со Бугарија и изјавите на претставниците на власта дека не можат да разговараат со нив кога Бугарија нема политичка влада.

Според Филипче, ВМРО ДПМНЕ дојде на власт на крила на предизборната кампања со ветување дека интензивно ќе работат и ќе ја подобрат преговарачката позиција во однос на „Францускиот предлог“ и во однос на се што треба да се направи пред почетокот на преговорите со ЕУ.

-Ветуваа некаква мудра политика и ветуваа дека тие ќе направеле позиција многу подобра од таа што ние сме ја постигнале. Меѓутоа, се што гледаме е само влошување на односите со соседите. Не гледаме ниту еден чекор во насока кон обид да се направи нешто во контекст на тоа што го ветуваа. И ако тоа било дел од стратегијата јас навистина не знам што има мудро во оваа политика, истакна Филипче.

Додаде дека ќе чекале како партија, но и граѓаните очекувале час поскоро да продолжат сите неопходни чекори со цел да ги започнеме преговорите со ЕУ и тоа било обврска на Владата, да направат се.

Лидерот на СДСМ смета дека согласно нивните ветувања дека ќе ја подобрат позицијата, дека ќе направат многу работи, но се што се гледало е само влошување на односите со Бугарија и тоа никако не одело во прилог на националните интереси на земјава. рт/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан