• сабота, 23 ноември 2024

Филипини ќе ја укинат забраната за патување за посетители од Тајван

Филипини ќе ја укинат забраната за патување за посетители од Тајван
Манила, 14 февруари 2020 (МИА) - Филипини ќе ја укинат забраната за патување што ја воведоа за посетителите од Тајван во обид да го стават под контрола ширењето на вирусот Ковид-19, јави тајванската новинска агенција. Филипини ја донесе одлуката откако Тајпеј се закани со одмазда поради забраната за патување. Филипински официјален претставник изјави дека одлуката за укинување на забраната за патување е донесена и треба да се потпише. Досега од коронавирусот починаа 1.383 лица, а заразени се 64.435. паг/

Остани поврзан