• понеделник, 18 ноември 2024

Филипини нема да и дозволи на Кина да го отстрани нејзиниот пункт од спорниот брег во Јужно Кинеско Море

Филипини нема да и дозволи на Кина да го отстрани нејзиниот пункт од спорниот брег во Јужно Кинеско Море

Манила, 6 март 2024 (МИА) - Филипините нема да и дозволат на кинеската морнарица да ја отстрани филипинската воена станица од спорниот брег во Јужното Кинеско Море, изјавија денеска претставници на филипинската морнарица.

Соопштението доаѓа еден ден откако филипински брод беше оштетен, а четворица членови на екипажот беа повредени во судир со кинески брод во Јужното Кинеско Море. 

Официјална Манила соопшти дека бродовите на кинеската крајбрежна стража користеле водени топови против филипинските бродови.

По инцидентот САД издадоа предупредување дека се обврзани да ги бранат Филипините доколку нивните војници, бродови или авиони бидат нападнати каде било во регионот.

Портпаролот на филипинската морнарица Рој Тринидад изјави дека нивните сили нема да дозволат изградба на каква било структура во другиот спорен песочен брег, под името Скарборо, во Јужното Кинеско Море.

-Ова се црвени линии за Филипините, како и за нивните вооружени сили, рече Тринидад на прес-конференција во Манила. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан