• недела, 22 декември 2024

Физичка пресметка меѓу татко и син од кумановско, едниот со посериозни повреди пренесен во скопските клиники

Физичка пресметка меѓу татко и син од кумановско, едниот со посериозни повреди пренесен во скопските клиники

Куманово, 3 јули 2024 (МИА) -  Две лица, татко и син се повредени при меѓусебна пресметка претпладнево во кумановската населба „Иго Тричковиќ“, соопшти СВР Куманово.

- Денеска 10:40 часот во СВР Куманово било пријавено дека во населбата „Иго Тричковиќ“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу татко и син, во која бил употребен и остар предмет. Двајцата со повреди биле пренесени во општа болница Куманово, информираше СВР Куманово.

Полициските службеници се на терен и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Од кумановската болница информираат дека едниот од повредените поради сериозноста на повредите е транспортиран на една од скопските клиники. ам/дма/

Фото: МИА

 

Остани поврзан